Најдобро место за купување лекови преку Интернет

Работно време

08 : 00 -- 20 : 00 h

Достава до дома

Бесплатна достава за нарачки над 2000 ден

готовина при достава

нема потреба да плаќате однапред

Нашите правила и услови!

Ве молиме внимателно прочитајте ги Условите за користење. Со користење и посета на страницaтa на www.parafarm.online и нејзината содржина, се подразбира дека свесно ја прифаќате истата, како и сите последователни промени, без претходна најава и известување. Доколку не ги прифаќате овие услови на користење без ограничувања, Ве молиме да не ја користите нашата интернет страница. 

Вие како корисник се обврзани да ги прочитате Условите за користење, а вашата посета / користење на страницата се смета за целосно прифатена. Не користете ги услугите на начин на кој некој може да биде повреден или материјално оштетен. За сите производи понудени на сајтот постои објавена слика и основен опис на производот. Овие услови го регулираат процесот на нарачување, плаќање и испорака на производи што се продаваат преку нашиот онлајн продавач.

Контакт

ПЗУ Аптека Парафарм,

телефон: 078/449-212, Viber, Whats up

Работно време Е-аптека: 08:00-20:00 часот

E-mail адреса: pzuparafarm HYPERLINK “pzuparafarm@gmail.com”

Општи правила и услови за користење на www.parafarm.online

Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на web страницата се приложуваат такви какви што се. За да се користи www.parafarm.online купувачот мора да има пристап до интернет дирекно или преку некој друг уред кој има пристап до интернет. www.parafarm.online не презема никаква одговоронст за нарушувањата или техничките  проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кој ја попречува употребата на web страницата.

Референци

Производите се нарачуваат со избирање, со користење на менито “кошничка” и пополнување на електронски формулар. Ако нарачаниот препарат не сме во можност да ви го доставиме, ќе бидете контактирани во најкраток можен рок и во договор со вас ќе ви биде понудена замена или ние ќе го отстраниме препаратот од вашата кошничка во договор со вас. Вашата моментална нарачка е прикажана на страната Моја сметка. Оваа страна покажува детални информации за препаратот, количината и цената. Сите препарати што сте одлучиле да ги купите се наоѓаат на страна наречена “кошничка“.

Испорака

За потрошувачите од цела Македонија, доставата е бесплатна за сите нарачки над 1999 денари, а за нарачките со пониска вредност, испораката чини 150 денари. Нарачаните / Купените производи ги испорачуваме преку курирска служба со која имаме договор за деловна соработка, на начин како што е дефиниран на страната. Нарачките комплетирани пред 13 часот се доставуваат за 24-48 часа (во работни денови). Нарачките направени после 13 часот пристигнуваат за 48+ часа. Исклучоци од ова правило се празници и неработни денови.

Аптеката не презема одговорност во случај на задоцнување во испораката поради неточна или нецелосна адреса, виша сила или сообраќајни проблеми. Испорака на роба е можна само на територија на Република Северна Македонија, на адреса наведена во нарачката.

Одговорност на корисникот при регистрирање

Кога се користи web страницата, корисникот е должен да обезбеди точни и прецизни лични информации кога ќе пополнува формулар за регистрација или/и нарачка. Доколку се дадат погрешни, лажни или нецелосни информации, www.parafarm.online го задржува правото за нивно поништување и бришење. Сите дадени податоци се заштитени со закон и можат да се прочитат во политика на приватност.

 

Купување на производ од www.parafarm.online

Купувачот има можност за купување производ од големиот асортиман на www.parafarm.online. Кога се прави нарачка купувачот може да одбере производ(и) и количина според можностите на web страницата, исто така може да го смени производот во било кое време ПРЕД да го реализира плаќањето односно нарачката.

Плаќање на производот

Сите цени во оваа web-аптека се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари.

Плаќањето на производите се врши со:

  1. во готово, на врата, при превземање на пакетот од курирската служба што ја врши доставата.

Информациите за производите понудени на веб страната се преземаат од декларацијата за поединечни производи, прирачници за внатрешен производ или преземени од материјали (брошури, летоци, веб-страници) кои ги уредува производителот, увозникот или снабдувачот на одреден производ. Ние се стремиме да обезбедиме што е можно попрецизни и подетални информации за одреден производ. Го задржуваме правото на грешка во описот или фотографијата на секој производ.

Откако ќе купите било кој производ од оваа веб-страна, препорачуваме внимателно да ги прочитате упатствата на производителот и да ги употребувате производите онака како што е назначено во приложеното упатство.

 

Изјава за безбедност

Аптека Парафарм  е обврзана да не злоупотребува лични информации од формуларот за нарачка. За личните податоци се сметаат сите податоци што го идентификуваат идентитетот на купувачот (на пример, име и презиме, адреса за е-пошта, адреса на живеење итн.). Аптека Парафарм  нема да обезбеди или открие информации за клиентите на трети лица.

Безбедност на податоците:

Сите информации за клиентите се строго чувани и достапни само на вработените нa кои им се потребни овие информации за да ги извршуваат своите активности. Сите вработени во Аптека Парафарм  и деловните партнери се одговорни за почитување на принципите на заштита на приватноста.

Аптека Парафарм  е посветена на обезбедување на заштита на личните податоци на корисникот на начин што собира само основни информации за клиентите кои се неопходни за исполнување на обврските.

Во случај на промена на некој од личните податоци (на пример: местото на живеење, адресата за испорака) која е регистрирана при регистрација, купувачот е должен да ја извести Аптека Парафарм  за секоја промена.

Други услови

Условите за продажба може да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени под условите што важат во моментот на потврдување на нарачката. Приватна Здравствена Установа Аптека Парафарм  го задржува правото да не испорачува препарати врз основа на нарачки со нецелосни и/или неточни информации/податоци.

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) ПЗУ Аптека Парафарм своите ценети потрошувачи кои купуваат роба преку интернет сајтот www.parafarm.online ги известува дека:

продажбата преку интернет страница www.parafarm.online се извршува во рамките на регистрирана дејност на ПЗУ Аптека Парафарм – 47.73 – Аптеки. Адреса за пријавување на рекламација е: HYPERLINK “pzuparafarm@gmail.com”

купувачи можат да бидат физички и правни лица;- дека основните обележја на производите можат да се најдат на интернет страницата www.parafarm.online

по Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) купување преку наша продажна интернет страница www.parafarm.online се смета за продажба на далечина,

производите, кои се продаваат на интернет страницата www.parafarm.online поседуваат својства потребни за редовна употреба на тој вид на производите во согласност со нивната намена која е дефинирана во Декларацијата,

продажна цена на производите е назначена на секој артикал,

сите цени се изразени со пресметан ДДВ, 

купените производи ги испорачуваме најдоцна во рок од 48 часа по пат на курирска служба,

можноста за купување на производи со посебни ценовни погодности и/или со посебни продажни поттикнувања (акциска продажба), се извршува во согласност со условите кои се објавени на интернет страницата www.parafarm.online,

купувачот при креирање на нарачката, со притискање на копчето ПОТВРДИ презема одговорност за плаќање на нарачаните производи,

соодветноста на производите од договорот ИСКЛУЧИВО се утврдува по својствата и намената на производите како што е тоа дефинирано на Декларацијата која им припаѓа,

интернет продавницата www.parafarm.online е должна да ги испорача производите кои се соодветни на договорот. Ако испорачаните производи не се соодветни на договорот, потрошувачот кој го известил продавачот за несоодветноста, има право да бара од продавачот да ја отстрани несоодветноста, без надомест, со поправка или замена, односно да бара намалување на цената или да го раскине договорот во поглед на тие производи. Сите трошоци кои се неопходни за производите да бидат соодветни со договорот, а посебно трошоци на работење, материјал, преземање и испорака, ги сноси интернет продавницата www.parafarm.online,

доколку во случај на прием на производите, ако купувачот истите не сака да ги задржи, има право на откажување од договорот и поврат на средства во висина на платената купопродажна цена за предметните производи (со исклучок на членот 96 од Законот за заштита на потрошувачи),

за производите кои се порачани по пат на интернет продавницата купувачот има право да изјави рекламација на веќе користен производ, на начин кој е дефиниран за производите купени по пат на интернет продавница. Начин и постапка на изјавување можете да ја најдете на страната за рекламации.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВЕЦОТ:

Приватна Здравствена Установа Аптека Парафарм

Седиште на ул. „1“ бр 128, 1000 Скопје

ЕДБ 4030004503881 и ЕМБС 5852838

Според законот за лекови и медицински помагала (Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година) „Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување.“

Shopping Cart