ASPIRIN PROTECT

150,00 ден

+ Free Shipping
Add to Wishlist
Add to Wishlist

Аспирин протект 100 мг содржи ацетилсалицилна киселина, која го спречува прилепувањето и згрутчувањето на крвните плочки (тромбоцити) со цел да превенира создавање на крвни грутки.
Аспирин протект 100 мг таблети се употребуваат кај возрасни за:
Намалување на ризикот за смртност кај пациенти со сомнение за акутен инфаркт на срцето
За намалување на ризит‹от од заболувања и смртност кај болни кои преживеале инфаркт на срцето
Секундарна превенција од мозочен удар
Намалување на ризикот за транзиторни исхемични цереброваскуларни напади (TIA)
Намалување на ризикот за заболување и смртност кај болни со стабилна и нестабилна ангина пекторис (срцево заболување со карактеристична спазматичтна, контрактивна болка во градите)
Превенција на опструкција на циркулацијата поради крвни грутки (тромбоемболија) после одредени васкуларни операции
Намалување на ризикот за прв акутен инфаркт на срцето кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија, хипертензија, дебелина, пушење, старост)
Забелешка: Производот не е индициран за намалување на болка.
Пакување: 28 таблети

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “ASPIRIN PROTECT”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart