- Почетна формула за доенче
- Диететски производ
- Од раѓање до 6 месеци
- 50 години истражување на исхраната во рана возраст
- Нутритивно комплетна формула
- ДХА (Омега-3)*
- Без додадено палмино масло
*Содржи ДХА според барањата на законодавството за сите почетни формули.
ПАКУВАЊЕ ДИЗАЈНИРАНО ЗА ВАС
- Двојна сигурносна лента – за да сте сигурни дека Вашата формула не е отварана и дека ќе ја задржи свежината
- Клик при затварање – за дополнителна заштита од контаминација и растурање
- Дизајнирано за држење во една рака – кога бебето е во другата
- Порамнувач за дозерка – за да ја дадете вистинската доза
- Место за ставање на дозерката – за дозерката и Вашите раце да не бидат во правот
Пакување: 800 г
Состојки:
Лактоза (од кравјо млеко), растителни масла (високоолеинско сончогледово масло, кокосово масло, масло од маслодајна репка, сончогледово масло), обезмастено кравјо млеко, деминерализирана сурутка (од кравјо млеко), галактоолигосахариди (од кравјо млеко), концентрат од сурутка (од кравјо млеко), протеин на сурутка (од кравјо млеко), фруктоолигосахариди, рибино масло, калиум цитрат, калциум карбонат, масло од Мортиерела Алпина, магнезиум хлорид, холин хлорид, калциумова сол на ортофосфорна киселина, калиум хлорид, натриум хлорид, Л-аскорбинска киселина, соја лецитин (емулгатор), инозитол, Л-триптофан, натриум Л-аскорбат, железо два сулфат, цинк сулфат, Л-карнитин, Л-аскорбил палмитат (антиоксиданс), калциум Д-пантотенат, никотинамид, бакар два сулфат, ДЛ- алфа токоферил ацетат, ретинил палмитат, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид, калиум јодид, фолна киселина, фитоменадион, натриум селенит, манган два сулфат, холекалциферол, Д- биотин, цијанокобаламин.
Алергени: млеко, риба и соја.
Упатство за употреба:
Aptamil® Почетна формула за доенче од раѓање натаму.
Наведената табела е општа, на Вашето дете може да му треба помало или поголемо количество на формула од прикажаното.
Важно: Секогаш користете ја дозерката од пакувањето. Имајте во предвид дека одвреме на време можеби ќе ја смениме бојата на дозерката.
Возраст на доенчето |
Просечна тежина (кг) |
Оброци во тек на 24 часа |
Вода (мл) |
Рамни дозерки |
0-14 дена |
2,5-3 |
7 |
60 |
2 |
2-8 недели |
3-3,5 |
6 |
90 |
3 |
2 месеци |
3,5-4 |
5 |
120 |
4 |
3 месеци |
4-5 |
5 |
150 |
5 |
4 месеци |
5-6 |
5 |
180 |
6 |
5 месеци |
6-7 |
5 |
210 |
7 |
Од 6 месеци натаму |
>7 |
4 |
210 |
7 |
Стандардно дозирање: 100 мл Аптамил® 1 Пронутра® = 90 мл вода на 40℃ (пожелно) +3 рамни дозерки = 276 kj (66 kcal) 1 рамна дозерка = 4.6г. Користете ја исклучиво приложената дозерка. Не правете ја формулата послаба или појака од препорачаното. Доколку оброкот не го приготвувате според упатството ризикувате да го нарушите здравјето на детето.
Како да се користи ова пакување:
За да го отворите, отстранете ја сигурносната лента од работ на капакот. Во самото пакување има вграден порамнувач за дозерката.
Сместете ја дозерката на соодветното место на капакот, за сигурност и безбедност.
Затворете со притискање на капакот сé додека не “кликне“, за да се зачувува свежината на правот.
Подготовка на оброкот за Вашето бебе
- Секогаш измијте ги рацете и целиот прибор што ќе го користите за подготовка на оброкот. Стерилизирајте го целиот прибор во вода што врие во тек на 10 минути
- Превријте чиста вода за пиење и оставете да се олади до 40℃. Видете ја табелата за подготовка на оброкот, сипете точно количество на претходно превриена млака вода во стерилизирано шише
- Користејќи ја приложената дозерка израмнете го правот со вградениот израмнувач. Не ставајте премногу од правот и не го притискајте
- Додадете точен број на рамни дозерки на прав од Aptamil® 1 Pronutra® во водата. Видете во табелата од упатството за употреба на пакувањето
- Веднаш протресете енергично и вертикално, во тек на 10 секунди, додека правот сосема не се раствори. Тркалање на шишето и мешање во круг не се доволни за растварање на правот
- Разладете под вода од чешма. Проверете ја температурата на оброкот (37℃). Користете го оброкот веднаш по подготовката и секогаш во рок од 1 час
- Исчистете го целиот прибор веднаш по употребата. Никогаш немојте повторно да ги користите остатоците од оброкот. Чувајте го пакувањето цврсто затворено на ладно (<25℃), суво место, не во фрижидер. Употребете ја содржината на пакувањето во тек на 3 недели по отварањето
Совет за складирање и хранење:
Од хигиенски причини, не ги чувајте веќе направените оброци, фрлете ги остатоците од оброкот во рок од 1 час.
- Не ги загревајте оброците во микробранова печка, одредени делови може да се прегрејат и да предизвикаат изгореници
- Не складирајте во фрижидер
- Чувајте го правот на ладно и суво место
- Искористете го правот во рок од 3 недели од отварањето
Важна напомена: Доењето е најдобро за бебињата.
Овој производ е соодветен за посебна нутритивна намена за доенчиња од раѓање натаму, кога не се дојат или користат дохрана.
Доењето (без употреба на вода и друга храна) е најдобра исхрана за доенчињата до 6 месечна возраст. Одлуката на мајката да не дои е штетна по здравјето на бебето, а веќе донесената одлука потоа е тешко да се смени. Ниедна храна вкучувајќи ги и специјално формулираните производи, не може да ги обезбеди сите состојки од мајчиното млеко, кои може содветно да се обезбедат само со доење. Овој производ може да се користи само по совет на здравствени работници кои се квалификувани да се грижат за здравјето на доенчето и кои се независни од производителите на храна за доенчиња и мали деца. Доењето заедо со друг вид на храна треба да продолжи и после наполнети 6 месеци до крајот на втората година од возраста на детето.
Reviews
There are no reviews yet.