Извонредна мешавина од сушени плодови од тропска цреша ацерола и од аронија, како и од други сушени овошја и билки, ароматизирана со арома на цреша.
Ацеролата е овошје кое содржи високи концентрации на витамин Ц и затоа претставува одличен природен извор на истиот, како и на витамин А, калциум, железо и биофлавоноиди. Плодот од аронија е исто така богат со витамин Ц и антиоксиданси и во комбинација со ацеролата претставува вистинска „витаминска ризница“.
Чајот е исклучително вкусен, со слабо киселкаста нота и со богат, овошен вкус. Има карактеристично пријатен мирис на цреша, кој плени со својата уникатност.
Се препорачува особено во зимскиот период, но воедно претставува и одлична напивка во топлите летни денови.
Уживајте во новиот вкус на Ацерола со аронија!
Reviews
There are no reviews yet.