Бруфен сирупот се користи против болка и инфламација во состојби како остеоартритис, ревматоиден артритис, артритис на кичмениот столб, болки во долниот дел на грбот, исчашувања и истегнувања.
Се користи и за третирање на други болни состојби како забоболка, постоперативна болка, менструална болка, главоболка, вклучувајќи и мигрена.
Пакување: 200 мл
Состав: активна супстанца е ибупрофен.
Останати состојки се: конзерванси (метил парахидроксибензоат Е218, пропил парахидроксибензоат Е216, натриум бензоат Е211), сахароза, лимонска киселина монохидрат, глицерин, сорбитол, полисорбат 80, арома (портокалово) Е110, агар, прочистена вода.
Дозирање:
Доза за возрасни и деца над 12 години: Вообичаена доза е 4 до 6 лажици 5 мл три пати на ден.
Телесна тежина треба да се користи при пресметување на дозата (возраста е дадена приближно)
Телесна тежина Возраст Дозирање
> 5 кг 3 – 6 месеци 5 мг/кг 3 пати на ден
7 – 10 кг 6 – 12 месеци 2, 5 мл 3 пати на ден
10 – 14 кг 1- 2 години 2,5 мл 3 до 4 пати на ден
14,5 – 25 кг 3 – 7 години 5 мл 3 до 4 пати на ден
25 – 40 кг 8 – 12 години 10 мл 3 до 4 пати на ден
Дозата треба да се дава на секои 6 часа. Бруфен сирупот не смее да се употребува кај деца на возраст под 3 месеци или деца кои тежат помалку од 5 килограми.
Бременост, доење и плодност: бремените жени не треба да користат Бруфен во текот на трите последователни месеци од бременоста.
BRUFEN SIRUP
230,00 ден
+ Free Shipping
Reviews
There are no reviews yet.