Спреј за нос, раствор, содржи активна супстанција ксилометазолин која ги стеснува крвните садови на слузницата на носот и со тоа се намалува отокот и се зголемува проодноста на носните канали.
Лекот е наменет за олеснување на симптомите кај затнат нос, хроничен и алергиски ринитис (алергиско воспаление на слузницата на носот), синузитис (воспаление на синусите).
Пакување: 10 мл
Состав: Ксилометазолин (во форма на хидрохлорид). Snup® спреј за нос, раствор 0.1% 1 мл спреј за нос, раствор содржи 1 мг ксилометазолин хидрохлорид. Една апликација на лекот (околу 0.09 мл раствор) содржи 0.09 мг ксилометазолин хидрохлорид.
Употреба:
Возрасни и деца постари од 6 до 12 години: по потреба се вбризгува до 3 пати на ден по една доза SNUP 0.1% спреј за нос, во секоја носница.
Спрејот за нос, растворот не треба да се употребува подолго од 7 дена. Лекот не е наменет за деца помлади од 12 години.
Лекот Snup® не смеете да го користите: ако сте алергични (преосетливи) на ксилометазолин хидрохлорид или на која било друга помошна состојка на лекот. Ако имaтe суво воспаление на носната слузница (rhinitis sicca) и кај деца на возраст под 12 години (SNUP® 0.1% спреј за нос, раствор).
SNUP 0.1%
290,00 ден
+ Free Shipping
Reviews
There are no reviews yet.