Betadine раствор за гаргара
СОСТАВ
povidone-iodine : 1 %
ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА
раствор за гаргара
ДЕЈСТВО
Бетадине растворот за плакнење уста и грло како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, кадешто поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот и ја овозможува неговата растворливост во вода. Во допир со слузокожата, јодот полека се ослободува од комплексот и дејствува како антисептик, односно дезинфициенс кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Бетадине растворот дејствува и како дезодоранс, отстранувајќи ја непријатната миризба од устата што може да потекнува од храна, алкохолни пијалаци, тутун и др.
ИНДИКАЦИИ
Профилакса и терапија на инфекции во букофарингеалната празнина предизвикани од бактерии, вируси и габи (гингивитис, стоматитис, афти, инфицирани улцерации или херпетични улцерации);
Профилакса на инфекции при хируршки зафати на забите и на вилиците;
Отстранување на непријатната миризба од устата.
ПАКУВАЊЕ
100 ml раствор
BETADINE 1% 100ML
230,00 ден
+ Free Shipping
Reviews
There are no reviews yet.