BETADINE 10% 100ML

245,00 ден

+ Free Shipping
Add to Wishlist
Add to Wishlist

Betadine 10% раствор за кожа
Состав
povidone-iodine : 10 %
Фармацевтска форма
раствор за кожа
Дејство
Бетадине растворот за дезинфекција и чистење на кожата како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот.
Во допир со кожата и слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно дејство кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Дејството настапува непосредно по примената и трае подолго во однос на другите препарати на јод.
Индикации
Подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата (вклучувајќи ја и вагиналната слузокожа) за хируршки интервенции, инјекции и аспирации;
Дезинфекција на рани, спречување инфекции при изгореници, инцизии и при други локални лезии;
Лекување инфицирани хируршки инцизии,
инфицирани трауматски лезии,
третман на лацерации и на абразии,
инфицирани декубитални или застојни улцери,
пиодермии
секундарно инфицирани дерматози и изгореници од втор и од трет степен.
Пакување
100ml раствор

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “BETADINE 10% 100ML”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart