GOOD NATURE SINAP

90,00 ден

+ Free Shipping
Add to Wishlist
Add to Wishlist
Category:

Семето од синап (Sinapis semen) содржи масни масла, белковини, слузи, ензим мирозин, синалбин, синалбозид од каде што потекнува лутиот вкус на семето. Под влијание на ензимот мирозин и во присуство на вода синалбозидот се разложува на синанин и други состојки.

Најчеста примена наоѓа како ефикасно средство за искашлување, сам или во комбинација со други билки (ленено семе, корен од бел слез и семе од анасон). Билната мешавина од корен од бел слез, ленено семе, бел синап и сладок анасон помага за олеснување на искашлувањето. Се препорачува при заболувања на дишните патишта коишто се придружени со продуктивна кашлица и отежнато исфрлање на секрет. Оваа мешавина го помага излачувањето на густата слуз од бронхиите, разводенувајќи го секретот, помага за олеснување на искашлувањето и смирување на надразнетата и воспалена слузница.

Нето-тежина: 100 г

Употреба:

Четири супени лажици од оваа мешавина се прелива со еден литар ладна вода и се остава да врие до добивање на половина литар течност. За деца, чајот се подготвува со 4 мали лажички од мешавината. Свежо подготвениот чај се процедува. Подготвениот половина литар чај се пие во текот на целиот ден. Се препорачува користење на чајот до престанување на симптомите на кашлица.

Поради изразено лутиот вкус, може да се употребува и надворешно, како рубефациенс, средство коешто предизвикува црвенило на кожата (ја поттикнува периферната циркулација), за масирање и загревање на болните места.

Чај од цело зрно синап се препорачува и против тврда столица, механичко делување коешто се должи на присуството на слуз. Една супена лажица се прелива со 250 мл вода и се остава да врие 5-10 минути во покриен сад со повремено промешување. По отстојување уште 10 минути се процедува и се пие пред оброк.

Белиот синап се користи како одлично средство за конзервирање на намирници. Храната е одлично зачувана, а истовремено конзервансот е вкусен и не е штетен. Во домаќинството се користи како зачин и за подготовка на сенф.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “GOOD NATURE SINAP”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart