Медицински раствор за секојдневна нега и хигиена на усната празнина и забите со специјална комбинација на активни компоненти, ефикасни во борбата против пародонтопатија и кариес.
Употребен пред четкањето, го разложува забниот плак, а по четкањето превенира воспаление на гингивата и забен камен. Идеално и ефикасно за лица со протетски и ортодонтски помагала.
- Алуминиум лактат со своето адстрингентното дејство го спречува крварењето и воспалението на гингивата
- Хлорхексин диглуконат, драгоцен антисептик кој влијае на разложување на постојниот забен плак како и во превенција при создавање на нов, а освен тоа има депо-ефект кој му овозможува подолготрајно дејство. Посебно е ефикасен кај Streptococcus mutans, бактеријата која е главен причинител за кариес и пародонтопатија
Пакување: 300 мл
Начин на употреба: Секојдневно пред или после четкањето, усната празнина и забите се плакнат со 10 мл неразреден раствор. По 30 секунди, содржината се плука, и не се плакне со вода. Случајното голтање е безопасно.
По употребата шишенцето добро да се затвори.
Содржина на флуор 225 ppm.
Reviews
There are no reviews yet.