VITAMIN C KAPKI

260,00 ден

+ Free Shipping
Add to Wishlist
Add to Wishlist

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, вклучен во многубројни биохемиски процеси во човековото тело, којшто како кофактор на 8 различни ензими е одговорен за правилен раст и развој на целиот организам. Оттука, зголемени потреби од витамин Ц се јавуваат за време на растењето, во состојби на намален имунитет (особено при вирусни и бактериски инфекции), малнутриција, како и при зголемен психо-физички напор и стрес.

Водениот раствор на Vitamin C (капки), соодветно стабилизиран, овозможува најбрзо и целосно искористување на активната супстанца, како при перорална така и при површинска употреба. При перорална употреба бројот на капки се прилагодува според возраста сè со цел брзо активирање на ефектот на витаминот Ц, додека при надворешна употреба водениот раствор за брзо време се апсорбира преку кожата пројавувајќи го своето дејство. Витамин Ц капките може да се додадат на каква било течност без да ги променат мирисот, бојата и вкусот.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “VITAMIN C KAPKI”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart